Страшна сообраќајна несреќа предизвика хаос: Повредени 17 лица меѓу кои 6 деца

Во верижна сообраќајна несреќа која утрово се случи на автопатот Белград- Скопје, кај клучката Дољевац, повредени се 17 лица и во тек е нивното згрижување

img

Според неофицијалните информации, до несреќата дошло кога едно возило се излизгало, по што останатите возила кои биле во колоната, удирале едно во друго.

Од Брзата помош во Ниш потврдено е дека има повредени и дека нивните екипи се на терен. Меѓу 17-те повредени има и 6 деца.

На автопатот моментално има застој, десетици возила се заробени.

Повеќе информации се најавуваат за подоцна.

Тагови:

несреќа судар

Facebook impact:

Објавено петок, 06 јануари 2017 10:36:00
Напишано од виолета