Во ураганот Ирма загинаа вкупно 55 луѓе

Како последица од ураганот Ирма досега на Флорида загинаа 12 лица, со што билансот на жртви се искачи на 55.

img

Портпаролот на гувернерот на Флорида, Мекинли Луис, наведе дека шест лица загинале во сообраќајни несреќи, четворица при подготовките за невремето, едно лице загинало од струен удар, додека друго од срцев удар.

Во Јужна Каролина загинаа четири лица, а во Џорџија две.

Според официјалните податоци, на Карипските Острови загинаа 37 лица.

Facebook impact:

Објавено среда, 13 септември 2017 08:33:00
Напишано од емилија