Хрватски политичар ГИ ВЖЕШТИ социјалните мрежи: Тврди дека терористичкиот напад во Берлин е исцениран!

Претставникот на Живиот ѕид во хрватскиот парламент, Иван Пернар во понеделникот со својата објава на Фејсбук уште еднаш привлече големо внимание кај јавноста.

img

Тој сподели приказна со која го доведува во прашање терористичкиот напад во Берлин.

Пернар истакнал дека му е премногу чудно што никој не ги видел жртвите од нападот во Берлин и дека сѐ изгледа како една голема игра. Никој не видел ниту едно повредено лице, ниту пак се објавени имињата на жртвите, пренесува Индекс.хр.

- Една од најчудните работи е дека никој никаде не видел барем еден од повредените, ниту пак е објавен идентитет на барем еден од настраданите од 19.12.2016 на Божиќниот саем во Берлин - напишал Пернар.

Во приказната што ја споделил Пернар, германскиот поборник на заговор Жерард Висевски ги анализира снимките од нападот, предупредувајќи на „нелогичности“ во целиот случај.

Подсетуваме, германската полиција ги потврди идентитетите на неколку убиени во нападот.

Како што пишува Гардијан, убиени се 31-годишната Фабриција ди Лоренцо, Далија Ељаким (чии сопруг е тешко повреден во нападот), Нада Цизмар и полскиот возач на камионот Лукас Урбан.

Се вчитува прикажувачот на видео...

Facebook impact:

Објавено понеделник, 26 декември 2016 19:56
Напишано од Ирина




Барај