Еве како да проверите дали вашите податоци се наоѓаат во база на украдени лозинки

Стручњаците од Центарот за истражување и анализа на безбедност Kromtech, пронајдоа огромна база на податоци во која се наоѓаат преку 560 милиони имејл адреси и лозинки, кои ги собрала и објавила непозната личност..

img

Повеќето од овие информации можат да се најдат на страницата на Хант наречена Have I Been Pwned, која им овозможува на корисниците да проверат дали лозинките им се украдени во некоја од претходните големи кражби во сигурносните системи на сервисите.

Повеќето податоци кои се наоѓаат во оваа огромна база се украдени со хакирањето на LinkedIn, Dropbox и Tumblr.

Доколку сакате да проверите дали вашите лозинки се наоѓаат меѓу украдените, тоа може да го направите тука.

Facebook impact:

Објавено четврток, 25 мај 2017 05:58:00
Напишано од Емилија