Користењето на софвер со сомнително потекло крие опасности за Вашиот бизнис!

Во 2017-та година 64% од корисниците и компаниите во Македонија користат софтвер набавен од сомнителни извори. Тоа го покажува глобалното истражување на софтверската алијанса BSA која го пресметува бројот на софтвер со сомнително потекло кој се користи во различните држави низ целиот свет. За споредба, во 2008-магодина 68% од корисниците употребувале таков софтвер, што покажува дека за 7 години многу мал број на физички лица и компании обратиле внимание на тоа какви оперативни системи и софтверикористатсекојдневно.

img

Употребата на софтвер со сомнително потекло е опасна и крие голем број на ризици – од губење на важни службени податоци до вируси и хакерски напади, кои може да доведат до голем број  на проблеми за Вашиот бизнис. Непознавањето на ризиците е основниот проблем со кој се бораткомпаниите, производители на оригинален софтвер.Затоа едукацијата и познавањето на ризиците се првиот чекор кон превенција и водење на поуспешен бизнис.

„Сите софтвери со сомнително потеклокријат опасност од вируси, спам и хакерски напади, а со тоа и загуба на вредни податоци, дополнителни главоболки и трошоци за компанијата. Секако тука е и разликата во квалитетот помеѓусофтвер преземен од сомнително место и софтвер обезбеден од официјален извор, бидејќи тој добива поддршка од својот производител и гарантира беспрекорно работење.“ – вели Валентино Адам, ИТ специјалист во реномирана македонска ИТ компанија.

Доказ за практичната опасност од користењето на софтвер со сомнително потекло енеодамна распространетиот криптовирус Wannacry,кој напаѓа компјутери со нелиценциран оперативен систем, ги заклучува нивните содржини и бара откуп од сопствениците за да им го врати пристапот до приватните или службени податоци. Според анaлизата објавена од финската кoмпaнија зa сајбер cигypнocт F-Ѕесurе, најзасегнати држави од овој моќен сајбер нападсе Русија и Кина, а причината затоа е големиот број на компјутери кај нив кои користат оперативни системи со сомнително потекло.

Преку овој краток тест проверете дали вашата компанија е изложена на ризик од вируси, хакерски напади и загуба на вредни податоци!

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 04 декември 2017 01:48:00
Напишано од емилија