Човекот кој ја има пратено првата СМС порака

Првата кратка текстуална порака е пратена пред точно 25 години. Тој 4-ти декември 1992 година ја пратил Британецот Нил Папворт, а гласела “ Среќен Божиќ”.

img

Тој својот компјутер го поврзал со мобилниот телефон, приклучен на ГСМ мрежата Водафон.

-Тогаш имав 22 години, работев како девелопер и првата порака ја пратив на директорот на Водафон кој беше во својата канцеларија во текот на божиќната прослава. Се чувствувам стар!, рекол Папворт во разговорот за Скај Њуз.

 

Одговор на пораката не добил, бидејќи тогаш не постоел начин за да се одговори на неа.

„Текстуалната порака не беше моја идеа, јас само бев среќник кој прв ја прати. Милијарди луѓе потоа почнаа да ги користат СМС пораките како начин за комуникација, пред да настанат телефонските повици”.

Сега СМС пораките се заменети со пораки кои се праќаат по пат на друштвените мрежи, па од година во година бројот на пратени и примени кратки текстуални пораки се смалува.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 04 декември 2017 06:59:00
Напишано од емилија