Ричард Саква: Отстапете од Русија еден чекор назад пред да биде предоцна!

Светот е осуден на уште 25 години Ладна војна, бидејќи Западот едноставно ги одбива и ги игнорира интересите на Русија, порачува експертот за европска и руска политика Ричард Саква, кој го впери прстот кон САД поради нивното однесување.Овој британски историчар вели дека една од најголемите грешки кон крајот на 20 век, била направена на брод во Медитеранот, пред 25 години, пренесува „Вебтрибјун“.
Во декември 1989 година, тогашниот американски претседател Џорџ Буш, се сретна со советскиот лидер Михаил Горбачов на крузер кај Малта, неколку недели по падот на Берлинскиот ѕид.
„Самитот на Малта“ требаше да го означи крајот на Ладната војна и епохата на недоверба. И сите говори биле подготвени во тој дух.
Според зборовите на проф. Ричард Саква од универзитетот Кент, патот до тој самит ја доведе Европа до нова ладна војна, односно војна со Русија.
„Имаше доста лоши потези. Но, на состанокот во Малта… претседателот Буш се сврте кон својата соработничка и рече `погледни, се откажаа… победивме`. Горбачов тогаш зборуваше за воспоставување на заеднички европски дом, но тие (САД) беа во победничко расположение“, рече Саква.
Саква инсистира Западот да се врати чекор назад и да ја преиспита својата стратегија од состанокот во Малта, пред да биде предоцна.
„На крај, Русија како голема сила, нуклеарна сила, мора да има збор. Не за да кажат дека сѐ е во ред, не да кажат некој да се предаде. Мора да се прашаат Русите кои се проблемите, а не само да ги демонизираат. Мора да му се стави крај на триумфализмот“, рече тој.
Во својата нова книга, во која зборува за украинската криза, Саква ја даде скицата на својата тема: „да речеме дека Русија е победена… Игнорирајќи ги нејзините потреби и поставувањето на границите на НАТО сѐ поблиску и поблиску до Москва, Европа и САД си создадоа услови за граѓанска војна во Украина“.
„Осудени сме на уште 25 години ладна војна, веројатно поопасна од вистинската Ладна војна, која би можела да се заврши со истото сценарио како од 1914 година, бидејќи Западот ги одбива и ги игнорира руските интереси“, предупреди Саква.
Поентата на професорот е дека хаосот помеѓу Истокот и Западот потекнува од одлуките кои беа донесени во Вашигтон пред 30 години.
„Во логика сме како во 1914 година, во ескалаторна логика. Идејата руските трупи да маршираат во Балтичките земји до пред неколку месеци беше апсурдна. Денес е тоа веќе извесно. Отидовме предалеку…“, го завршува своето обраќање проф. Саква.Овој британски историчар вели дека една од најголемите грешки кон крајот на 20 век, била направена на брод во Медитеранот, пред 25 години, пренесув

Пронајдете не на следниве мрежи: