Вработете се во Т-Мобиле-плата 34.000 денари

Служба за ИКТ развој,испорака и управување со партнери Работно место – Виши соработник за развој и испорака на ИКТза замена на вработена која е на породилно боледувањеКраток опис на потребни услови, работни задачии способности/ вештини за работното место
Услови:§ Више или Високо образование:Технички факултет – Електротехника, Природноматематички факултет, Факултет за информатика, Економски факултет или останати факултети§ 1-3 години соодветно работно искуство§ Напредно познавање на MS Office§ Активно познавање на англиски јазик§ Напредни способности за креирање и управување со проекти§ Основни познавања на сметководствени стандардни§ Напредни познавања на ГСМ и IP технологија§ Напредни познавања на подготовка на Деловна студија
Работни задачи:§ Одговорен е за развој на нови продукти и следење на нивна имплементација се до момент на лансирање на продуктот согласно директивата за развој на нови продукти§ Подготовка на материјали релевантни за процесот за развој на продукти: иницијален опис на продукт, деловна студија, финален детален опис на продуктот, презентација и обука на ваработени§ Учество во креирање на прилагодени ИКТ решенија и следење на нивна имплементација§ Учество во бизнис и техничка евалуација на потенцијални проекти од аспект на нивна остварливост и придонес кон остварување на финансиските резултати§ Следење на животен циклус на продуктите, мониторирање на бројот на корисници и ескалација доколку резултатите се под планираните§ Следење на иновации од телекомуникацискиот и ИТ пазарот и анализа на можноста за имплементирање на такви солуции§ Учество во подготовката на годишниот план за развој на продукти и детерминирање на капиталниот и оперативниот буџет потребен за имплементирање на продуктите со цел остварување на финансиските резултати § Да одржува регуларна комуникација со pre-sales тимот и да нуди техничка помош околу реализирање продажниот процес

 
Способности и вештини:Напредни способности за комуникација, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми, напредни способности за презентација, самодоверба, креативност, проактивност, доверливост, флексибилност, посветеност, способност за работа под притисок и кратки крајни рокови
Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование со молба и биографија (CV со препораки и дипломи), писмо за намери на македонски и англиски јазик.
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата или истата да ја испратите на следнава адреса : Т- Мобиле Македонија АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 или директно во Централната архива со назнака Молба за надворешен оглас – за работно место Виши соработник за развој и испорака на ИКТ
Т-Мобиле Македонија АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно.
Минимална основна бруто плата е во висина од 33.824,00 денари.
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.
Краен рок за пријавување: 26.09.2014Краток опис на потребни услови, работни задачии способности/ вештини за работното место
Услови:§ Више или Високо образование:Тех

Пронајдете не на следниве мрежи: