Македонија и се реваншира на Бугарија

Македонските кошаркарски репрезентативци до 18 години, им се реваншираа на врсниците од Бугарија за синоќешниот пораз. Денес во вториот пријателски дуел Македонија победи со 69:64.

img

Избраниците на селекторот Ѓорѓи Кочов до победата дојдоа со подобра игра во второто полувреме кое го добија со 46:28.

Младите кошаркари попладнево се враќаат во Скопје каде ќе продолжат со подготовките.

Следуваат уште два пријателски натпревари, против Австрија на гостински терен, пред настап на Европското првенство –Б Дивизија што ќе се одржи во Талин, Естонија од 28 јули до 6 август.

Facebook impact:

Објавено вторник, 04 јули 2017 01:55:00
Напишано од емилија