Мистериозно убиство за Велигден: Момче најдено крваво, починало во болница

Полицијата во Загреб ги истражува околностите на смртта на 29-годишното момче кое во неделата околу 18 часот е пронајдено тешко пворедено на ливада во загребската населба Слобоштина, а од здобиените повреди починало неколку часа подоцна во болничкиот центар Загреб.

img

Момчето го пронашла минувачка на тревната површина во близина на еден голем трговски центар во неделата околу 18 часот, па со возило на итна помош е префрлено во КБЦ Загреб.

Околу 21 часот момчето од здобиените повреди починало во болница.

Полицијата отвори истрага.

Според хрватските медиуми, повредите на момчето му се нанесени со остар предмет.

Facebook impact:

Објавено вторник, 18 април 2017 08:20
Напишано од sasho




Барај