Досега 60 лица го изгубија животот поради поларниот студ

Студениот бран во Европа и натаму одзема човечки животи. Седум нови смртни случаи се регистрирани на Балканот, шест во Полска, исто толку и во Романија со што бројот се искачи на 60.

img

Во Полска, која е најзагрозена, во понеделникот починаа нови шест лица додека во некои делови температурата паднала на -20 степени Целзиусови. Во Романија регистрирани се шест смртни случаи како последица на смрзнување во шест дена.

На целото подрачје на Романија вчера беше на сила предупредување за поларни температури бидејќи во централниот дел на земјата беа забележани -32 степени. Училиштата во Букурешт се затворени.

На Балканот, пак, најмалку 7 лица починаа од студ во последните 24 часа. На југот на Србија е прогласена вонредна состојба. Пловидбата по Дунав е запрена до нова наредба.

Спорд најновите прогнози, во следните неколку дена температурите ќе бидат во благ пораст, по што повторно Европа ја очекува нов поларен бран и минусни температури.

Новиот студен бран се очекува од петок, најпрво на териториите на Велика Британија, Ирска, Норвешка, Данска, делови на Бенелукс и батличките земји. По петок студениот бран, кој се очекува да не е со толкав интензитет како моменталниот, ќе се прошири на јужните делови на континентот.

Facebook impact:

Тагови:

зима студ смрт

Објавено среда, 11 јануари 2017 10:55
Напишано од Емилија




Барај