ЗАДОЛЖИТЕЛНО! 10 работи кои мора да ги имате во вашиот автомобил

Знаете ли без што не смеете да тргнете на пат,особено на големи релации или долги патувања? Во продолжение проверете кои предмети сите мораме да ги имаме во автомобилот.

img

Резервна туба со гориво

Како би ја избегнале нервозата кога ќе забележите дека ви недостасува гориво и дека во близина нема бензинска пумпа,во автомобилот задолжително мора да имате резервно гориво.Тоа пред се се однесува на ситуациите кога одите на долги патувања

Рефлектирачки триаголник

Во случај автомобилот да ви застане на сред улица,во себе морате да имате барем два рефлектирачки триаголници како предупредување.Едниот на предната страна одалечен три метри од автомобилот,а другиот позади на одалеченост од 3 метри.

Кабли за палење мотор

Не треба премногу да се објаснува зошто би требало да се возите со овие кабли.Тие се користат за покренување на моторот со празен акумулатор

Џебна светилка

За да не морате под автомобилот со мобилен или обична светилка да светите, чувајте и една магнетска светилка која благодарејќи на магнетната моќ можете да ја прицврстите на автомобилот и да имате слободни раце како би го решиле проблемот

Преносен полнач за мобилниот

Се исплаќа да инвестирате во еден преносен полнач бидејќи така ќе ги избегнете потенцијалните итни ситуации во кои итно ви е потребен мобилнот со полна батерија.

Мини кутија со алат

Можеби мислите како ви е непотребна ако не знаете да работите со алатот,но може да се најдете во ситуација во која на некој друг ќе му е потребен алатот како би го отстранил дефектот на вашиот автомобил.

Кутија за прва помош

Сите се надеваме дека никогаш нема да ни затреба,но без обриз на тоа мора задолжително да ја имате во својот автомобил

Ќебе

Во текот на зимските месеци ќе ве загрее додека ја чекате влечната служба,а ќе послужи и во летните месеци кога наместо на врелиот асфалт,ќе седнете на ќебето.

Шише вода

Вода секогаш треба да имате со себе,поради освежување или миење на рацете откако сте го отстраниле дефектот.Иако е важно шишето вода да биде со вас во текот на летните месеци,еднакво е важно да го имате и во ладните бидејќи понекогаш само пола литар вода може да ги отстрани теговите како умор или главоболка кои можат да влијаат на вашата концентрација во текот на возењето.

Facebook impact:

Објавено сабота, 04 февруари 2017 04:15:00
Напишано од Емилија