Исламистите планирале атентат на малиот принц Џорџ

Осомничениот за тероризам на своето сослушување пред судот ги повика екстремистите да го нападнат принцот Џорџ.

img

Хусеин Рашид изјавил дека ниту кралското семејство не е безбедно, а фотографиите од малиот принц кој се пронајдени кај него даваат валидност на таа изјава.

Рашид со помош на апликацијата Телеграм споделил фотографија од принцот Џорџ, како и адреса од неговото училиште.

Исто така ги опишал и важните информации за локациите на стадионите во Велика Британија, а повикувал и на напади на Евреите.

Тој имал британско државјанство, а планирал да оди во Сирија и да се бори за ИД. Обвинет е за планирање на терористички напад, обвинение кое тој го демантираше.

-Она што нас посебно не загрижи е што кај него пронајдовме школска фотографија од принцот Џорџ, покрај која има силуета од џихадистите и напис „училиштето почнува порано“, изјави обвинителката Ребека Мунди.

Обезбедувањето во училиштето на малиот принц и порано беше на мета на критиките.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 декември 2017 02:48:00
Напишано од емилија